RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

Слобада во синдикализмот, нека ни е честит 1-ви Мај

Нека ни е честит 1ви Мај , Меѓународниот ден на трудот каде работниците се самоорганизираа за остварување на своите права , за жал и во 21ви ВЕК ние се соочуваме со непочитување на основните работнички и човекови права , а тоа е правото на самоопределување и членување во синдикат.

Трагично е во 21ви ВЕК да немаме слобода во изразувањето на правото за членување во синдикат , трагично е во 21ви ВЕК поради синдикални активности ,синдикалните лидери да бидат преместувани и бркани од работа, трагично е што во 21ви ВЕК  ние не  сме излезени  од 19 ВЕК.

Работници свестетесе , изборетесе за своите загарантирани права .

1vi maij copy