Почитување или газење на работничките права
Почитувани колеги,
Испровоцирани од објавениот прилог во Енергија со број 26 од Март 2021 година, кој се однесува на спогодба за продолжување на колективниот договор, сакаме да Ве потсетиме и укажиме дека правите дискриминација со чинот на потпишување на спогодба за колективен договор само со еден синдикат, а од друга страна подолг период го дискриминирате и не дозволувате да функционира синдикатот на ССЕРИ впрочем ова е потврдено и со судска одлука.
Ќе цитирам дел од прилогот: „РАКОВОДСТВОТО НА АД ЕСМ Е СЕКОГАШ ОТВОРЕНО ЗА СОРАБОТКА СО СИНДИКАТОТ, ПОДГОТВЕНО ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ И РЕАЛИЗАЦИЈА НА СИТЕ ДОВОРЕНИ РАБОТИ СО РАБОТНИКОТ“, очигледно е за какво лицемерие станува збор кога вие не постапувате по правосилна одлука од суд и не постапувате по налог на извршител за овозможување на услови за работа на синдикатот кој во континуитет од повеќе од 3 години го попречувате и оневозможувате да функционира, за да сега се пофалите дека почитувате колективен договор и заштита на работничките права.
Според сите законски и морални норми ова е окарактеризирано како лицемерие,дискриминација и кршење на сите работнички права, закон за работни односи и оневозможување на слобода во одлучување на членство во синдикатот, права кои се загарантирани со меѓународни конвенции и закон за работни односи.