RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

ССЕРИ заслужна за исправката на уредбата за додатоци и надоместоци на плата

Информација за заслугите на ССЕРИ за измената на уредбата за надоместоци и додатоци на плата.

   Со ова известување сакаме да ве запознаеме, дека од раководствата на АД ЕСМ и АД МЕПСО, е направената ургенција до Владата на Р.Македонија, врз основа на нашето јавно укажување на ден 10.04.2020 година, на нашата веб страна www.sindikatnarek.org.mk, за направениот пропуст, во уредбата на Владата со бр.44-2865/1 од 7 април 2020 година.

   По нашето укажување, и ургенцијата од страна на раководствата на АД ЕСМ и АД МЕПСО, се достави барање, до Владата за иземање на двете компании од оваа уредба, со што се постигна корекција на уредбата со која работниците во Енергетскиот сектор па и пошироко, ќе имаат скоро иста пресметка за плата и скоро иста плата како и претходно, со додатоци и надоместоци на плата.

   Целта на ССЕРИ била и ќе биде, да ги заштити и унапреди правата на работниците, дури и во услови кога противзаконски раководството на АД ЕСМ не, не признава и не, не остава да работиме во Енергетскот сектор, каде сме легитимно регистрирани за дејностите кои ги обавуваат нашите компании.