RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

Демaнт по основ изјавата на дир.Васко Ковачевски

Самостојниот синдикат на работниците од Енергетика,Рударство и Индустрија на Р.Македонија по повод вчерашната изјава на директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски дека токму судските постапки биле повод за стопирање на паричните текови кон синдикатот му поставува неколку прашања јавно на почитуваниот Директор.

1.Како може да бидат судските постапки причина кога Вие парите ги стопиравте во Декември 2017 година за плата од Ноември 2017 година кога немаше ниту тужби ниту друг синдикат?

2.Дали се сеќава како договараа преземање на синдикатот Вашите сопартици во Битола и каков притисок се вршеше врз синдикатот?

3.Дали новиот синдикат на МЕСО дури во Април 2018 година ви доставува список со членови и дека е регистриран?

4.Како тогаш можело да има проблем кога очигледно неможејќи да не уцените во 2017 година формирате нов синдикат кој е легитимен во 2018 година, па се прашуваме каде отидоа нашите членови или останаа во АД ЕЛЕМ а новиот синдикат ги има членовите од АД ЕСМ?

5.Ако е така , а така е, како ги сервисиравте членовите на од другиот синдикат да делат новогодишни поклони за 2018 во Декември 2017-ги ослобопдувате од работа со службени пропусници (во објаснување : за делење на новогодишни пакетчина) , да организираат осмомартовски прослави итн по наша програма , по колективен договор кој ние го потпишавме,пари кој нас ни припаѓаа или Вие лично ги плаќавте или ги префрлафте на синдикатот на МЕСО?

6.Ако е така или не Ве прашуваме дали е тоа злоупотреба , лажно преставување и злосторничко здружување?

7.Кој ќе одговара за парите кој се извршени од комбинатот РЕК битола во висина од 8.500.000 денари по судска пресуда иза другите судски пресуди кој се досудени , или парите на народот се небитни од вашите потреби да контролирате се , пари од државниот буџет пари на работниците?

8.Зашто ги продавате хотелите во сопственост на АД ЕЛЕМ сега АДЕСМ а превентивните одмори се прават по други хотели со дупло и-или тродупло поголеми цени, кога можете многу лесно да се договорите со ВАШИОТ синдикат истите да ги организираат во нашите хотели?

На крај повторно ги повикуваме институциите да постапат и да истражат дали тука постои злоупотреби за кој стоиме на целосно на располагање.

 

Со повод ССЕРИ