RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

ДЕЖАВУ на СОНК со ССЕРИ ?????

Зошто дежаву, зато што ова е единстениот начин на кој со СИЛА можи да се стопира слободоумието и да се стави под контрола „синдикатот“.

Со иницијативата превземена од ректорите на универзитетите на УКИМ и УКЛО за формирање на нов синдикат дирекно се прекршуаваат меѓународните конвенции и законот за работни односи каде што изричито стои дека работодавачот несмее да се меша и одлучува во синдикалното движење и организирање. Работодавачот е само сервис помеѓу работниците и синдикатот- никако несмее да одлучува за активностите на синдикатот а уште помалку да формира синдикат.

Но ова не е прв пат работодавачот да формира синдикат, истото се случи во периодот од 12-2017година до 05-2018година во компанијата АД ЕЛЕМ каде при легитимен синдикат на ССЕРИ работодавачот одлучува со одлука на управен одбор да не исплаќа задржана членарина од работниците кон синдикатот за да покасно работодавачот воопшто да не задржува членарина за синдикатот на ССЕРИ . Со овај чин скратено е правото загарантирано со меќународни конвенции и закон за работни односи а тоа е слобода во членување во синдикат.

Во наведениот период под закрила на работодавачот се одлучува да се формира „жолт синдикат“ и тоа во секторот на образование под закрила на Мултиетнички синдикат на образование-МЕСО а не во секторот на енергртика каде што припаѓа, а тоа се гранковите синдикати на ССЕРИ при КСС и СИЕР при ССМ.

Со самото формирање на „жолтиот синдикат “ работниците се доведуваат во заблуда а со тоа се доведува во прашање работничките права и слободата во синдикалното членување.

Работодавачот е рамноправен партнер на синдикатот за остварување на подобри услови за работа,побезбедни работни места и вреднување на работниците како најголем капитал.

Единственото прашање е КОЈА Е ТАА ПОТРЕБА ДА СЕ СТАВИ СИНДИКАТОТ ПОД КОНТРОЛА НА РАБОТОДАВАЧОТ??????

ИЛИ ПОТРЕБАТА Е ЕДНОУМИЕТО

Синдикатот на ССЕРИ му дава целосна подршка на СОНК .

 

Поврзани линкови со темата

https://www.fakulteti.mk/news/22012020/sonk-skandalozna-i-protivzakonska-e-inicijativata-na-rektorite-za-nov-sindikat

https://rabotnik.com.mk/%d1%81%d0%be%d0%bd%d0%ba-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%b2-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b5-%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%be%d0%b4%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d1%87-%d0%b4%d0%b0/?fbclid=IwAR273kccXYE9zII4KjooxFJEElSXlkg0vBoV6VZpRLqhpG7MDbVPfwgOO74