RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

Добиена уште една пресуда во корис на Самостојниот синдикат на работниците од енергетика,рударство и индустрија

Почитувани колеги

Ова е уште еден доказ за незаконитото,противправно и самоволно постапување на РАБОТОДАВАЧОТ односно на раководството на ФОД дооел Новаци во врска со СИНДИКАЛНАТА подружница на ФОД дооел Новаци при ССЕРИ.

Во прилог во целост ви ја пренесуваме одлуката на Основниот Суд Битола  во корист на Синдикатот со што се потврдува и исправноста за работата на синдикатот , борбата за работничките права и  независноста на синдикатот .

Ова е  една од повекето судски постапки кои ги има покренато ССЕРИ кон работодавачот со цел заштита на интересите на работниците и работничките права.

Се надеваме на што поскоро надминување на незавидната ситуација во која е доведен синдикатот на ССЕРИ од страна на работодавачот со ГРУБО кршење на законот за работни односи, меѓународните акти а се однесуваат на синдикалното организирање и делување.

 

 

  • РО-298/18

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВНИОТ СУД ВО БИТОЛА , како првостепен парничен суд, со судијата

Татјана Митревска, како судија поединец, решавајќи по тужбата на тужителот

Самостоен синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на

Република Македонија Битола, ул. ,,Новачки пат” бб, застапуван од полномошник

адвокат Владимир Бангиевски и адвокат Иван Доневски од Скопје, против тужениот

Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ Новаци АД ЕЛЕМ Скопје, ул. ,,Новачки

пат” бб, застапуван од полномошник адвокат Васко Талевски од Битола, основ

парични побарувања кои произлегуваат од правото на синдикалното здружување,

вредност 1.140.000,00 денари, по одржана усна, јавна и главна расправа на ден

05.04.2019 година, во присуство на полномошникот на тужителот и полномошникот на

тужениот адвокат Иван Доневски од Скопје, на ден 12.04.2019 година, ја донесе

следната:

П Р Е С У Д А

СЕ УСВОЈУВА тужбеното барање на тужителот Самостоен синдикат

на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Република

Македонија Битола.

СЕ ЗАДОЛЖУВА тужениот да му плати на тужителот и тоа :

1. Законска казнена камата за задоцнето плаќање на долг по основ на

непренесени задршки од нето плати на вработените во Синдикалната

Подружница на ФОД ДООЕЛ- Новаци за синдикална чланарина и тоа:

- за месец февруари на износ од 95.396,00 денари во висина на

референтната каматна стапка на НБРСМ што за секое полугодие важела на

последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие,

зголемена за 8 процентни поени, сметано од 16.03.2018 година до 31.08.2018

година,

- за месец март на износ од 95.396,00 денари во висина на

референтната каматна стапка на НБРСМ што за секое полугодие важела на

последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие,

зголемена за 8 процентни поени, сметано од 16.04.2018 година до 31.08.2018

година,

- за месец април на износ од 96.097,00 денари во висина на

референтната каматна стапка на НБРСМ што за секое полугодие важела на

последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие,

зголемена за 8 процентни поени, сметано од 16.05.2018 година до 31.08.2018

година,

2. Законска казнена камата за задоцнето плаќање на долг по основ на

непренесени задршки од нето плати на вработените во Синдикалната

Подружница на ФОД ДООЕЛ- Новаци за враќање на земени парични заеми и

1

  • РО-298/18

тоа:

- за месец февруари на износ од 265.083,00 денари во висина на

референтната каматна стапка на НБРСМ што за секое полугодие важела на

последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие,

зголемена за 8 процентни поени, сметано од 16.03.2018 година до 31.08.2018

година,

- за месец март на износ од 252.150,00 денари во висина на

референтната каматна стапка на НБРСМ што за секое полугодие важела на

последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие,

зголемена за 8 процентни поени, сметано од 16.04.2018 година до 31.08.2018

година,

- за месец април на износ од 208.200,00 денари во висина на

референтната каматна стапка на НБРСМ што за секое полугодие важела на

последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие,

зголемена за 8 процентни поени, сметано од 16.05.2018 година до 31.08.2018

година, како и да му ги надомести процесните трошоци во износ од 85.018,00

денари, се' во рок од 8 дена по приемот на пресудата.

Барањето на тужителот да се задолжи тужениот со трошоците на

постапката за разликата од досудениот износ од 85.018,00 денари до

побаруваниот износ од 328.235,00 денари СЕ ОДБИВА КАКО

НЕОСНОВАНО .

Р Е Ш Е Н И Е

Тужбата на тужителот против тужениот за парични побарувања што

произлегуваат од право на синдикално организирање и дејствување, за главен

долг во износ од 1.140.000,00 денари Е ПОВЛЕЧЕНА .

О б р а з л о ж е н и е

Тужителот преку полномошникот во поднесената тужба и на одржаните

расправи наведе дека, согласно КД на АД за производство на електрична енергија,

Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје и Гранскиот КД за

вработените во секторот производство и пренос на електрична енергија, тужениот

бил обврзан како работодавец од нето платите на вработените кои се членови во

синдикатот, секој месец да врши задршка на име синдикална чланарина и подигнати

заеми, така што паричните средства да ги префрла на сметка на тужителот.

Тужениот, уредно и редовно ја исполнувал својата обврска се до јануари 2018 година,

кога и последен пат префрлил парични средства на сметката на тужениот, а потоа се

до поднесување на тужбата немал пренесено средства за месеците: февруари, март

и април 2018 година. Со оглед дека тужениот го платил во целост главниот долг по

поднесувањето на тужбата, т.е. долгот го платил на 31.08.2018 година, тужителот

преку полношникот со поднесок од 27.02.2019 година го прецизира тужбеното

барање, така што го повлече барањето за главниот долг, а остана да побарува

законска казнена камата за задоцнето плаќање на главниот долг по побаруваните

основи за месеците февруари, март и април и тоа по основ на непренесени задршки

2

  • РО-298/18

од нето плата на вработените во синдикатот на име синдикална чланарина и по

основ на непренесени задршки од нето плата на вработените во синдикатот на име

враќање на земени парични заеми. Во завршен збор, предложи да се усвои

тужбеното барање. Трошоци побара во износ од 328.235,00 денари.

Тужениот преку полномошникот во одговор на тужба и на одржаните расправи

наведе дека, тужителот не можел да истапува во име на неидентификуван број на

вработени без да има овластување од нив. Со поднесок од 08.03.2019 година, наведе

дека, се согласува со повлекување на тужбеното барање во делот на главниот долг.

Странките не било во должничко- доверителски односи за да можел тужениот да

задоцни со исполнување на својата обврска, за потоа да може биде задолжен и со

плаќање на законската казнена камата. Приговори на пасивна легитимација. Во

завршен збор предложи да се одбие тужбеното барање. Трошоци побара во износ од

26.078,00 денари.

Со поднесок од 27.02.2019 година, тужителот преку полномошникот го

повлече тужбеното барање во делот за исплата на главниот долг, поради тоа што по

поднесувањето на тужбата, на ден 31.08.2018 година, тужениот го платил главниот

долг во целост. Тужениот преку полномошникот, даде согласност на повлекувањето

на тужбеното барање во делот на главниот долг, што значи дека се исполнети

условите судот со решение да го констатира повлекувањето на делот од тужбеното

барање, а сето тоа согласно член 183 од ЗПП.

Во доказна постапка, судот ги изведе предложените докази со читање на:

Тековна состојба за тужителот, тековна состојба за тужениот, предлог КД од

2016 година, гранков КД на вработените во Секторот производство и пренос на

електрична енергија, непотпишан, без дата, извод за промени на состојба на

средства на сметка на ден 13.02.2018 година, извод за промени на состојба на

средства на сметка на ден 11.01.2018 година, извод за промени на состојба на

средства на сметка на ден 115.12.2017 година, барање за вештачење од 10.04.2018

година, информација     по барање за изготвување на вешт наод од 23.04.2018

година, КД на АД Електрани на Македонија во државна сопственсот од април 2014

година, тужба II РО-1443/18 , покана за подготвително рочиште од 14.06.2018

година по предметот РО-1443/18 ,тужба II РО-1444/18 , покана за подготвително

рочиште од 14.06.2018 година по предметот РО-1444/18, тужба II РО-1445/18 ,

покана за подготвително рочиште од 14.06.2018 година по предметот РО-1445/18,  

тужба II РО-1446/18, покана за подготвително рочиште од 14.06.2018 година по

предметот РО-1446/18,  тековна состојба на мултиетнички синдикат на образование

на Република Македонија од 11.09.2018 година, решение на утврдување на

репрезентативност на синдидкат на ниво на гранка од август 2018 година, список на

членови на синдикална организација при ДООЕЛ ФОД Новаци, извод за промена на

состојба на средства на сметка од 31.08.2018 година, од 11.06.2018 година, од

13.02.2018 година, вешт наод и мислење од ДООЕЛ Парафарм - АС Консталтинг

Скопје од 14.02.2019 година, лиценца на вешто лице, барање за вештачење од

10.04.2018 година, известување и барање на документација  за вештачење  од

12.04.2018 година со потврда за прием на пратка, Е-маил комуникација од

12.04.2018 година, известување од АД ЕЛЕМ до Парафарм од 16.04.2018 година,

информација од вешто лице до полномошникот на тужителот од 23.04.2018 година,

известување и барање на документација за вештачење до тужениот од 11.01.2019

година, известување и барање документација за вештачење во Е-маил комуникација

од 11.01.2019 година на две страни, известување и барање на документација за

вештачење до тужениот од 01.02.2019 година, договор помеѓу тужениот и

синдикална организација од 28.02.2013 година, анекс кон договор од 29.11.2017

година, картица на конто за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година на ФОД

3

  • РО-298/18

ДООЕЛ Новаци, извод за промена на состојба на средства  на сметка на ден

31.08.2018 година,  и останата документација прилог кон вештиот наод во списите

на предметот обележана од страна 169 до страна 262, КД на ФОД од 02.07.2009

година, пресуда ТС19/18 од 21.01.2019 година, па врз основа на совесна и грижлива

оцена на секој доказ посебно и на сите докази заедно, како и од резултатите од

целокупната постапка, согласно член 8 од ЗПП, ја утврди следната фактичка

состојба:

На ден 28.02.2013 година странките склучиле договор за деловно техничка

соработка за меѓусебните односи, заведен под број 03-339/1. Тужителот изјавил дека

на сите вработени, кои се членови на синдикалната подружница, по нивно барање ќе

им дозволува користење на поволностите на синдикатот, давање на

помош/позајмици, како и користење на купопродажни договори на рати со фирмите со

кои синдикатот имал склучено договори. Тужениот се обврзал да врши задршки на

плати на вработените на кои им биле издадени потврди од страна на тужителот за

купување на рати од други фирми, како и позајмици кои вработените ги подигнале од

тужителот. Кон овој договор, странките склучиле и анекс од 29.11.2017 година со кој

била продолжена важноста на договорот за уредување на односите меѓу странките.

Тужениот заклучно со месец јануари 2018 година вршел уплати на сметка на

тужителот по основ на задржаната синдикална чланарина и задржаниот заем, како и

за задршките на рати од купената трговска стока. Тужениот од месец јануари 2018

година до денот на поднесување на тужбата не ја исполнувал својата обврска и не

постапувал согласно Договорот за деловно техничка соработка за меѓусебните

односи и паричните средства кои биле задржувани од платата на работниците кои

биле членови на синдикатот, по основ на синдикална чланарина, заеми и набавка на

трговска стока, не биле уплатувани на сметка на тужителот.

Во предметниот период од месец февруари до мај 2018 година, кај тужителот

членувале 429 члена, работници, вработени кај тужениот.

Задржаните парични средства по основ синдикална чланарина за

предметниот период, т.е. од февруари до мај 2018 година, тужениот ги уплатил на

сметката на тужителот на 31.08.2018 година, во вкупен износ од 381.385,00 денари

или по месеци: за февруари износ од 95.396,00 денари, за март износ од 95.396,00

денари, за април износ од 96.097,00 денари и за мај износ од 94.496,00 денари.

Тужителот со прецизирањето на тужбеното барање побарува законска казнена

камата за февруари, март и април, но не и за мај.

Задржаните парични средства по основ на дадена позајмица- заеми за

предметниот период, т.е. од февруари до мај 2018 година, тужениот ги уплатил на

сметката на тужителот на 31.08.2018 година, во вкупен износ од 914.633,00 денари

или по месеци: за февруари износ од 265.083,00 денари, за март износ од 252.150,00

денари, за април износ од 208.200,00 денари и за мај износ од 189.200,00 денари.

Тужителот со прецизирањето на тужбеното барање побарува законска казнена

камата за февруари, март и април, но не и за мај.

Задржаните парични средства по основ на трговска стока купена преку

синдикатот за предметниот период, т.е. од февруари до мај 2018 година, тужениот ги

вратил на сметката на тужителот, во вкупен износ од 3.261.443,00 денари или по

месеци: за февруари износ од 855.760,00 денари, за март износ од 864.195,00

денари, за април износ од 763.306,00 денари и за мај износ од 778.182,00 денари.

Тужителот со прецизирањето на тужбеното барање не побарува законска казнена

камата за овие месеци по овој основ.

4

  • РО-298/18

Ваквата фактичка состојба, произлегува од следните докази:

Од договорот за деловно техничка соработка за меѓусебните односи и од

анексот, се утврди дека тужителот требало по барање на членовите на синдикалната

подружница, а кои се вработени кај тужениот, да им дозволи користење на

поволностите на сидникатот, во смисла на давање помош, позајмици, користење на

купопродажни договори на рати со фирми со кои синдикатот има склучено договори.

Тужениот во својство на работодавец се обврзал да врши задршки на платите на

оние вработени на кои им биле издадени потврди од тужителот со кои им се

овозможило купување на рати од други фирми, позајмици од тужителот.

Од вештиот наод од 14.02.2019 година, се утврди документацијата врз основа

на која бил изготвен вештиот наод, како и параметрите кои вештото лице ги

користело заради изготвување на пресметките, се утврди датумот на уплата на

тужениот спрема тужителот, т.е. датумот кога главниот долг бил исплатен и тоа

задржаните чланарини од работниците и задржаните износи за враќање на

позајмици.

Од вака утврдената фактичка состојба, судот најде дека тужбеното барање на

тужителот за да се исплати законска казнена камата е основано и го усвои поради

следните причини:

Согласно член 170 став 2 точка 4 од Колективниот договор на ФОД АД

Електрани на Македонија, ДООЕЛ Новаци, Друштвото е должно да создава услови

за работење и дејствување на Синдикатот согласно Закон и овој Договор, а особено:

да обезбеди простори, стручни, административни и технички услови за работа на

Синдикатот (бесплатно користење на телефон, факс, компјутер и возило за службено

потреби), за остварување на синдикални функции, собирање и уплата на синдикална

членарина, во согласност со договорот за делување на Сидникатот склучен со

друштвото.

Согласно член 98 став 1 од Гранскиот Колективен договор за вработените во

секторот производство и пренос на електрична енергија, за остварување на

финансиско- сметководствени работи на синдикатот се обезбедува пресметка и

уплата на синдикална чланарина со доставување на одлука на синдикатот за

висината на чланарината и се наплатува заедно со пресметката и исплатата на

платата како и уплатата на лични обврски на работникот од неговата плата.

Во конкретниот случај, странките ги уредиле меѓусебните односи со

склучување на договор за деловно техничка соработка, врз основа на кој тужителот

изјавил дека на сите вработени кај тужениот кои се членови на синдикатот ќе им

овозможи користење на поволностите кои ги овозможува синдикатот, во смисла на

давање на помош, позајмици, користење на купопродажни договори на рати со

фирмите со кои тужителот имал склучено договори, а од друга страна, тужениот се

обврзал на неговите вработени- членови на синдикатот на кои им се издадени

потврди од страна на тужителот за користење на можностите за купување на рати од

други фирми и добивање на позајмици подигнати од тужителот, да им врши задршки

на плата. Висината на обврската за плаќање на чланарината кај тужителот, тужениот

ја добивал по изготвена пресметка од страна на тужителот, така што тужениот бил

должен со пресметката и исплатата на платите да врши уплата на чланарината за

секој вработен- член на синдикатот, на сметката на тужителот, а сето тоа преку

задршки од платата на членовите на синдикатот, а вработени кај тужениот. Тужениот

својата обврска која произлегува од интерно склучениот договор со тужителот и

5

  • РО-298/18

согласно КД, уредно ја извршувал заклучно со месец јануари 2018 година, за потоа се

до поднесувањето на тужбата до 02.05.2018 година или поконкретно за месеците:

февруари, март, април и мај 2018 година, да не ја исполнува својата обврска како

работодавец и на сметка на тужителот да не врши уплата по основ на синдикална

чланарина и позајмици. Тужениот по основ синдикална чланарина требало да плати

за месеците: февруари износ од 95.396,00 денари, март износ од 95.396,00 денари,

април износ од 96.097,00 денари и мај износ од 94.496,00 денари или вкупно

381.385,00 денари, додека пак, по основ на позајмици требало да плати за месеците:

февруари износ од 265.083,00 денари, март износ од 252.150,00 денари, април износ

од 208.200,00 денари и мај износ од 189.200,00 денари или вкупно 914.633,00 денари,

како и требало да плати по основ трговска стока купена преку синдикатот вкупен

износ од 3.261.443,00 денари. Тужениот, својата обврска за сите месеци ја подмирил

на 31.08.2018 година, со тоа што во целост на сметка на тужителот ги уплатил

задршките од плати на вработени по основ на синдикална чланарина и по основ на

позајмици.

Со оглед дека, тужениот го исплатил главниот долг по поднесувањето на

тужбата, односно по 02.05.2018 година, на начин што извршил целосно плаќање на

главниот долг по сите побарувани основи на сметка на тужителот на 31.08.2018

година по однос на основи, а кои се предвидени со меѓусебен договор, КД и гранков

Колективен договор, тоа значи дека, ако се земе во предвид дека синдикалната

чланарина и позајмици за членовите на синдикатот, а свои вработени, тужениот

требало да ги уплаќа на сметка на тужителот со пресметката и уплатата на нивните

плати, преку нивна задршка, па судот прифаќа дека платата за февруари требало

најкасно да биде платена до 16.03.2018 година, за март најкасно до 16.04.2018 година

и за април најкасно до 16.05.2018 година, а тоа се датумите од кога судот прифаќа

дека тужениот паднал во задоцнување со исплатата на главниот долг. Тужениот е

должен да му плати на тужителот законска казнена камата по побаруваните основи,

по поединечни износи претставени во изреката на пресудата, на сите износи сметано

од денот кога паднал во задоцнување со исплатата на главниот долг, односно од

денот кога требало да ги префрли паричните средства од сметката на тужениот на

сметката на тужителот па се до исплатата на главниот долг во целост, т.е. до

31.08.2018 година, а сето тоа согласно член 266 и 266-а од ЗОО.

При одлучувањето се имаа во предвид наводите на тужениот со кои го

побиваше побарувањето на тужителот за законската казнена камата, во однос на тоа

дека тужителот со тужениот не биле во никакви должничко доверителски односи, а со

тоа дека тужениот не требало да плаќа камата за периодот за кој биле задржани

паричните износи од вработените и не биле исплатени на тужителот, затоа што

тужениот вршел само услуга на вработените, меѓутоа овие наводи не се прифатени

од причини што согласно со договорот за деловно техничка соработка склучен помеѓу

тужителот и тужениот, тужениот се обврзал да врши задршки на плати од

вработените членови на синдикалната организација за да можат да купуваат на рати

и да подигаат позајмици од средствата на синдикалната организација.

Со оглед дека се работи за парични средства од вработените тужениот со нов

не можел да располага онака како што тој мислел дека треба во услови на промени

во синдикалното организирање, туку морал да ги извршува преземените обврски од

договорот и паричните средства од вработените да ги префрли на синдикалната

органзиција чии членови биле во февруару, март и април, а со тоа што неосновано ги

задржал и не ги уплатил веднаш по задржувањети, тој треба да плати и камата за

задоцнето плаќање.

Не може да се прифати дека тужениот вршел само сервис на вработените а

6

  • РО-298/18

дека не требало да плаќа камата, затоа што овие средства кои синдикалните

претставници доброволно ги даават на синдикалната организација тогаш кога даваат

согласност да бидат членови на синдикалната организација, тие треба да ги уживаат

и погодностите од таквото здружување, а тоа е да можат да користат позајмици, а

тогаш кога позајмицата е подигната од сметката на   синдикалната организација ,

работниците се должни да ја вратат на рати со динамика на плаќање онака како што

се договориле со синдикалната организација и работодавачот не може да задржува

парични средства кои не се наменети за него туку се за строго определена намена а

тоа е за исплата на чланарина и за враќање на позајмици.

Судот го имаше во предвид приговорот на тужениот за немање на пасивна

легитимација, но овој приговор не го прифати, од причина што обврската на тужениот

спрема тужителот, јасно произлегува од потпишаниот интерен акт договор за

уредување на меѓусебните односи, од КД, како и од гранковиот Колективен договор,

па во случајот неспорно е дека се работи за барање кое му припаѓа на тужителот кој

има статус на фактички учесник во спорот и има правен интерес, а тужениот е лицето

спрема кое тужителот има овластување да води конкретна парница и да го истакне

своето барање.

За трошоците, судот одлучи со оглед исходот на спорот, согласно член 148 и

149 од ЗПП, па му ги досуди бараните трошоци на тужителот на основица на

вредност на спорот од 40.000,00 денари, односно на неопределена вредност на

спорот, имајќи во предвид дека во текот на постапката тужителот ја повлече тужбата

за главниот долг а остана само за каматата, па вредноста на спорот се намали, но со

самото тоа што судот не може да ја утврди висината на тужбеното барање, а како не

би се правеле дополнителни трошоци за утврдување на висината на тужбеното

барање кои би биле несразмерни со вредноста на спорот. Судот досуди трошоци во

износ од 85.018,00 денари и тоа за: состав на тужба во износ од 13.806,00 денари со

оглед на вредноста на спорот во време на поднесувањето на тужбата, за 5 расправи

во износ од по 5.522,00 денари, за присуство на вештачење во износ од 4.602,00

денари, вешт наод во износ од 15.000,00 денари, судска такса за тужба во износ од

22.800,00 денари и судска такса за одлука во износ од 1.200,00 денари.

Поголемото барање за трошоци до износ од 328.235,00 денари, судот го одби

како неосновано и за сите преземени дејствија по денот на исплатата на главниот

долг, т.е. по 31.08.2018 година, судот прифати основица во висина од 3.000,00

денари, со оглед дека постапката продолжи да се води само по основ на споредното

побарување за законската казнена камата. Со оглед на наведеното, судот не досуди

износи за 5 расправи во висина од по 16.567,00 денари, бидејќи сите расправи се

одржани по исплатата на главниот долг, а тужителот поради самиот факт дека на

неговата сметка се уплаќаат предметните парични побарувања, не постои пречка да

не бил запознаен со нивната уплата и датумот на уплата. Не се досуди за присуство

на вештачење во износ од 19.880,00 денари, односно се досуди износ од 4.602,00

денари, бидејќи наградата изнесува како за пишување на писмени состави, согласно

член 8, точка 1 од АТ, со паушал, без вклучена часовнина и со пресметан ДДВ со

оглед дека полномошникот на тужителот е ДДВ обврзник. Не се досуди за патни

трошоци, бидејќи на тужителот не му следува награда за вака преземените дејствија

и можел да ангажира адвокат од подрачјето на Основен суд Битола. Не се досуди за

вешт наод во износ од 23.600,00 денари, бидејќи истиот е превисоко поставен

согласно Правилникот за начинот на пресметување на наградата за извршеното

вештачење, па имајќи во предвид дека се работи за голема парична вредност на

предметот на вештачење, висока сложеност на вештачењето и подолго потребно

време за прибирање на податоците и изработка на вештачењето, судот досуди

максимален износ во висина од 15.000,00 денари. Не се досуди за такса за одлука во

7

  • РО-298/18

бараниот износ, туку се досуди такса на вредност на спорот до 40.000,00 денари, а

сето тоа со оглед дека, по повлекувањето на главното побарување, судот продолжи

да одлучува по споредното барање за законската казнена камата, за која тужителот

на судот не му достави податоци во однос на тоа која е нејзината висина, па судот

прифати дека треба да се исплати најниска основица а со оглед на фактот дека сепак

има побарување кое тужениот треба да го исплати.

Предвид погоре изнесеното, следуваше судот да одлучи како во изреката на

оваа пресуда.

                                      С у д и ј а,

                                           Татјана Митревска

ПОУКА: Против оваа пресуда дозволена е жалба во рок од 8 дена по приемот, преку

овој суд до Апелациониот суд во Битола.

Д-НА: Полномошниците на странките.

ТМ/ЉА

НАЛОГ ЗА ТАКСА: СЕ ЗАДОЛЖУВА тужителот од Битола во рок од 5 дена од

доставување на преписот од оваа пресуда да плати такса за одлука во износ од

480,00 денари на Буџетска сметка на РМ 100000000063095 при НБ на РМ приходна

шифра (722211 за правни односно 722213 за физички лица), во спротивно истата ќе

се наплати присилно преку решение на Управата за јавни приходи зголемена за 50 %

по основа на казнена такса.    

 

8