RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

Појаснување за Соопштението

 

 

Во врска со соопштението од МЕСО- Мулти Етнички Синдикат на Образование а се однесува цитирам „претходниот Синдикат направи штетен договор во врска со трите автомобили кои беа купени од пари на членарината “

Тој „предходен“ синдикат е Самостојниот Синдикат на Работниците од Енергетика Рударство и Индустријата –Синдикална Организација АД ЕЛЕМ, Синдикална Подружница РЕК-Битола, кој НЕ Е предходен туку сеуште РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН пред надлежните институции . Тој „претходен“ Синдикат како што вие го нарекувате е ДРУГ ПРАВЕН СУБЈЕКТ кој вие сакате да го уништите во соработка со раководството на АД ЕЛЕМ и тоа го потврдувате со сите дејствија и акти кои ги имате до сега превземено .

Немате право да се мешате во работата на друг„претходен“ Синдикат ,односно на друг правен субјект, немате право да го користите имотот на „претходниот“ Синдикат кој го узурпиравте со асистенција на работодавачот ЕЛЕМ ,исто така немате право како што наведовте во вашето соопштение цитирам„ да се пренесат на овој Синдикат“ возилата кои беа уредно плаќани се до моментот кога ВИЕ не не попречивте и стопиравте да ги плаќаме ратите за возилата.

Доколку ВИЕ ,Синдикат-неможам да ве наречам од МЕСО , во соработка со ЕЛЕМ не не стопиравте и не не попречевте со непрефрлување на средствата од најразличен основ (членарина,позајмици,роба на рати и други основи ) немаше ние да престаниме со подмирување на обврските спрема коминтентите и возилата кои ги споменувате а немате никакво право да ве интересира работата на друг правен субјект, ќе се исплатеа и ќе останеа во сопственост на „Претходниот“ Синдикат ,односно на вработените.

Нека знаат сите доколу на некој не му е јасно кој е вистинскиот кривец во целата ситуација, а што се однесува до правните постапки времето ке покажи кој е, и што е.