
Почитуван господине Миновски,
Во име на EPSU ( Европска федерација на синдикати за јавниот сектор ) , која претставува 8 милиони работници во Европа и е признат социјален партнер во Европскиот социјален дијалог во кој се среќаваме со работодавачите и со Европската комисија, ви испративме писмо на 1 март.
Ние ви укажавме дека сме информирани за притисокот што Вие и другите менаџери на компанијата го вршите врз претставниците на синдикатите и членовите на синдикатот на член на EPSU. Ние побаравме од Вас да запрете со такво вознемирување и мешање кое е во спротивност со стандардите на ЕУ и меѓународните стандарди. Ве замоливме да не известите за текот на ситуацијата. Но тоа не го напраивте.
Во меѓувреме притисоците врз синдикатот, неговото раководство и членовите продолжуваат. Информирани сме дека раководството ги повикува работниците на состаноци во четири очи барајќи од нив да потпишат пристапници во „нов квази синдикат". Се создава двојство, оставајќи го постоечкиот синдикат SSERI ( Самостоен синдикат на работниците од енергетиката рударството и индустријата ) со финансиски обврски и не платена членарина за 4 месеци. Членарината според договорениот систем, кој сега го раскина раководството се наплаќаше со одбивање од платата на работниците. Како може синдикатот да ги плати своите финансиски обврски, кога вие не им ги трансферирате средствата согласно договорот, вие го оневозможувате функционирањето на синдикатот и одбраната на правата на работниците.
Почитуван г-дин Миновски,
Ги повторувам поентите што ги упатив во моето претходно писмо:
- Да се воздржите од мешање во работата на синдикатот и да престанете да вршите притисок врз работниците и членовите на синдикатот да се придржуваат кон синдикат по ваш избор.
Ве молиме:
- Јасно и недвосмислено да изјавите дека раководството на АД ЕЛЕМ и неговите подружници нема да се мешаат во работата на синдикатите;
- Да поддржите независна истрага која би се спровела со поддршка на МОТ ( Мегународната организација на трудот ) и Европската и глобалните синдикални организации;
- Да се осигура дека просториите и документацијата ќе се вратат на локалните синдикати;
- Да се почитува Самостојниот синдикат на работниците од енергетиката рударството и индустријата и да се вклучат во подружниците за да се разговара за ситуацијата. Да се најде решение кое ќе го овозможи функционирањето на синдикатот и неговите активности, така што членовите на синдикатот и нивните претставници ќе можат да ја вршат својата работа без да бидат малтретирани за нивните синдикални активности.
Ве молам за итен одговор. Ние ќе почнеме да ги информираме нашите членови за ситуацијата.
Со почит,
Јан Вилем Гудријан
Генерален секретар на EPSU