RSSTwitterFacebookGoogle+                 
           Синдикална организација АД ЕЛЕМ - Синдикална подружница РЕК Битола

Семинар Полска-Краков

Како продолжување на започнатиот проект-семинар Иновации на рударскиот секотор во ЕУ под лидерство на г-дин Валентин Волчев, се одржа семинар во Полска -Краков .

На семинарот се продлабочи темата на која зедоа збор сите учесници,претставници на репрезентативните синдикати од Државите кои ги застапуваат и истакнаа со кои мерки тие како синдикални организации се справуваат за надминување на проблемите со кои се соочуваат во текот на работата во нивните земји.

Како добри домакини синдикалните претставници од Полска успееа да договорат посета во еден од поголемите подземни рудници на камен јаглен во Полска , во рудникот Зофјовка.

При посетата Зофјовка имавне средби и со раководните структури на рудникот кои подетално не запознаа со процесот на експлатација на подземните рудници ,проблемите со кои секојдневно се соочуваат и како истите успешно ги надминуваат.

Мора да се истакни како невообичаено за овие семинари ,по двајца претставници од секој синдикат им беше одржана кратка обука за безбедност и движење во подземни рудници како истите се спуштат до местата каде Полските рудари секојдневно си ги извршуваат своите работни задачи и непосредно се запознаат со тешките условите во кои тие работат.

 

Zofiowka 014