Иновации и промена во рударскиот сектор во Европа
Како резултат на успешна соработка со консалтинг компанијата Формак а со особено залагање на др. Десислава Канчева е резултатот за уште едно учество на семинар-работилница на Синдикалната подружница РЕК-Битола.На семинарот кои се одржа во Букурешт главен носител и менаџер на проектот беше г-дин Валентин Валчев кој ги запозна учесниците со темата и понатамошниот тек на реализација.
Како тема овај пат менаџерот ја одбра темата за Иновации и промени во рударскиот сектор во Европа-Информирање и мерки за обука на рударските синдикати.На овај семинар учесниците имаа свои излагања за состојбите,промените и иновациите во рударскиот сектор во нивните земји.