Logo

Изречена казна по втор пат за попречување во синдикално организирање кон АД ЕСМ-АД ЕЛЕМ

  • Печати

Почитувани 

Во оваа прилика ве информираме дека по втор пат се изрекува КАЗНА за АД ЕСМ ,поради непостапување по судска одлука 

Казната која е изречена ја плаќаме сите ние поради каприц и инает на поединци во раководните структури.

Ве потсетуваме дека членстото во синдикат е доброволно и дека Вие не смеете да се мешате и да наложувате во кој синдикат ќе членуваат работниците

Со поделувањето на платните ливчина за месец Април поделивте и изјави кои се однесуваат за синдикално членување, Ве потседуваме дека со овај чин повторно дирекно се мешате во синдикалното организирање и делување. Дискриминацијата која ја правите со фаворизирање на еден синдикат и вршење на репресија кон друг е спротивно на сите позитивни законски регулативи и меѓународни конвенции.

За жал во овај момент во 21 Век , се спроведува казна за слобода во синдикалното организирање ,казна со која се наложува за спроведување на правосилна пресуда за слобода во синдикално организирање.  

Во продолжение Ви го пренесуваме решението

kazna po vtor pat za firmata potcrtano 

Template Design © Joomla Templates | GavickPro. All rights reserved.