Logo

Совети за заштита од КОВИД 19

  • Печати

Обезбедете работна средина која ќе гарантира безбедност и здравје на работникот.

За да може работникот да го даде својот максимум на работното место, да допринесе во компанијата каде што работи како и да допринесе во целото општество,  несомнено е важно работникот да биде безбеден, соодветно заштитен и здрав, како физички така и психички. Меѓутоа како да дојдеме до истите доколку самите мерки за безбедност и здравје не се почитуваат од страна на работодавците и работниците?

Мерките, обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените се уредуваат со Закон за безбедност и здравје при работа, а инспекциски надзор во оваа област врши Државниот инспекторат за труд.

Обезбедувањето здрави и безбедни услови за работа е обврска, пред се, на работодавачите, но, исто така, значајна е и улогата на работниците и нивните претставници. Покрај основните обврски на работодавачот и правата и обврските на вработените, би сакале да ги потенцираме мерките и препораките кои се однесуваат токму на безбедност и здравје при работа во време на пандемија, затоа погрижете се да ги спроведете следниве препораки:

  • Да се обезбеди доволна количина на средства за дезинфекција и соодветно употребување за лична хигиена додека работникот е на своето работно место. Исто така да не се заборава употреба на средства за дезинфекција за редовно чистење на опремата за работа и дезинфекција на просторијата во која се работи;
  • Да се почитува мерката за одржување раздалеченост помеѓу соработници додека се извршуваат работните обврски, особено да се почитува оваа мерка во затворена просторија;
  • Често проветрување на просториите за работа.
  • Користете заштитна опрема, маски и ракавици, особено доколку имате често контакт со луѓе.

Во продолжение на ова известување, потенцираме одредени права и обврски во однос на работодавците како и во однос на вработените кои се особено значајни во време на пандемија:


За работодавците:

  • Да обезбедат на вработените едно или повеќе стручни лица за безбедност при работа;
  • Да ја следат здравствената состојба на вработените и да се воспостави релација, доколку нема, со некоја од здравствените установи за вршење прегледи и стручни задачи за здравје при работа;
  • Информирање навработените, за безбедно извршување на работните задачи преку писмени или усно пренесени УПАТСТВА за работа;
  • Обезбедување на опрема и средства за лична заштита на вработените.

За вработените:

  • Грижете се за сопствената безбедност и сопственото здравје, како и за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со вас;
  • Запознајте се со мерките за безбедност и здравје и истите применувајте ги;
  • Секој вработен има право да одбијат извршување работа доколку претходно не е информиран за можните опасности и штети и доколку работодавачот не го обезбеди пропишаниот здравствен преглед;
  • Секој вработен има право да одбие извршување на работа доколку е изложен на непосредна опасност по здравјето по животот, кога не се спроведени безбедносните мерки, и да побара нивно отстранување;
  • Вработените мора да ги почитуваат пропишаните мерки за правилно користење на средствата за работа и да ја користат пропишаната опрема за лична заштита, како и да направат здравствени прегледи во согласност со овој закон (Закон за безбедност и здравје при работа) и другите прописи од оваа област.

Преку ова известување ВЕ ИНФОРМИРАМЕ за правата и обврските на работодавачите и работницитено исто така ВЕ ПОТТИКНУВАМЕ за поголема будност, свесност и грижа како за себе така и за околината каде се наоѓате со крајна цел подобрување на безбедноста и здравјето при работа, особено во овој период кога се наоѓаме во екот на пандемијата.

covid1

covid

Template Design © Joomla Templates | GavickPro. All rights reserved.