Logo

Информација

  • Печати

Колеги од „новоформираниот синдикат од синдикалната организација РЕК Битола“

Вие како новоформиран синдикат сте почнале од нула( како што пишуивате во вашиот извештај од 23-06-2020) со „долгови“ од стариот синдикат и со напор сте успеале да исплатите 5,5 милиони денари за огревно дрво.

Прва работа која ја нотирате е дека сте исплатиле долг за огревно дрво од стариот Синдикат( груба манипулација за која допрва ке терба да се реши) и пак ке мора да Ве корегираме , долгот настана како последица на неисплаќање на задржаните рати од работниците за дрва од страна на работодавачот кон ССЕРИ како истите би ги исплатиле кон доверителите, за што имаме и заведен судски спор, кој дел е добиен во корист на ССЕРИ.

Мораме да Ве корегираме и потсетиме дека вие како новоформиран синдикат насилно ни ги узурпиравте инвентарот ,компјутери ,климатизери , канцелариска опрема ,архива на синдикатот, столиците на кои седите и друга опрема во канцелариите во ПЕ РЕК Битола кој ние го имавме ,а е нотарски евидентиран при вашето насилно влегување во истите , за што ние како Самостоен синдикат на Работниците од Енергетика,Рударство и Индуастрија на Македонија-ССЕРИ имаме покренато судски спор , како истиот си го вратиме во владение од вас наслиниците.

И за на крај вие како новоформиран синдикат во секторот ОБРАЗОВАНИЕ како што и Ви стои во статутот кој го прифативте кога се зачленивте во МЕСО ,сте синдикат за образование кој во координација со работодавачот АД ЕЛЕМ сега АД ЕСМ ,грубо ги кршевте Меѓународните конвенции, Законот за работни односи и колективните договори кој ги имавме ние потпишано , се со цел фаворизирање на вашиот новоформиран синдикат од една страна и опструирање , попречување и забрана на работниците во слободата на избор за членување во синдикатот на ССЕРИ или друг синдикат.

Затоа колеги од новоформираниот синдикат не се китете со туѓу перје и не ги доведуваје во заблуда работниците, правдата е спора но ќе излези на виделина .

Template Design © Joomla Templates | GavickPro. All rights reserved.