Прес на ССЕРИ
Самостојниот синдикат на работниците од Енергетика, Рударство и Индустрија на Р.Македонија - ССЕРИ при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија - КСС одржа прес – конференција по повод долгогодишните проблеми кои ги има нашиот синдикат со раководството на АД ЕЛЕМ сега ЕСМ, а во последниот период и со АД МЕПСО.
Имено, проблемот настанува во втората половина на 2017 година кога раководството на АД ЕЛЕМ не дозволи и правеше притисоци да не се одржат легитимни избори, а подоцна имаше и обид да постави нивен лојален човек на чело на раководството на синдикатот.
ССЕРИ за тие ситуации ги извести сите релевантни фактори во државата, пред се Министерството за труд и социјална политика, МВР – Битола и Народниот Правобранител, од кои никој не се осмели да одговори на нашите пријави. Беше пријавено и во Државниот инспекторат за труд, но за жал на сите работници во Македонија потчинетата инспекторка даде сосема невалидно и противзаконско објаснување со што се покажа дека и институциите во тој момент делуваа или политички или под притисок на моќници од власта.
Од причина што се осмеливме да го пријавиме случајот, Раководството на АД ЕЛЕМ одлучи како прво да ги сопре сите парични текови кон нашиот синдикат, како што се членарините, позајмиците, обврските кон трети лица за кои синдикатот гарантира итн.
Со ова се направи директен упад во нашиот синдикат за што ние сметавме дека е направена злоупотреба за која пријавивме, но повторно наидовме на молк од институциите.
ДОКАЗ:
Пријава до ....
Кога не попуштивме ни овде, се спроведе административно преземање на синдикатот и насилно префрлање на членовите без пристапници и истапници во друг синдикат кој нема допирна точка со енергетика и индустрија, а тоа е Мултиетнички синдикат за образование-МЕСО при ССМ.
Најголемата злоупотреба што се осудија и дрзнаа да го направат во тоа време е паричните средства кои работодавачот ги задржуваше за синдикатот со одлука на управниот одбор одлучува каде да ги распореди, а не да ги сервисира кон синдикатот за да ги префрли каде ги должеше за роба на рати кај трети лица со кои има склучено договор и гарантира и парични средства согласно колективниот договор и програмата за работа на синдикатот, на кој потписници бевме ние и во тој момент единствен репрезентативен синдикат, започнаа да ги префрлаат тие самите или преку нелегитимниот синдикат кој воопшто не беше запишан во Централен Регистар.
Па, прашуваме дали и ова е кривично дело, и ако е ги повикуваме институциите да преземат дејствија.
Во тие моменти синдикатот поради нелегитимните напади што ги трпеше директно од раководството на АД ЕЛЕМ пристапи кон поведување на судски постапки со цел докажување на вистината и справување со новонастанатата состојба.
Но, повторно наидовме на молк од институциите.
Конечно после две до две ипол години водење на битки низ судските лавиринти, на крајот од 2019 година конечно почнавме да ги добиваме судските пресуди од причина што доказите и законот цело време беа на наша страна. Некои од нив се од првостепени судови, за кои сега се врши притисок врз судиите да се вратат во првостепена постапка, а има и извршни конечни пресуди за кои синдикатот го изврши Комбинатот РЕК Битола за (8,500,000 денари или 140,000 евра). Плус извршителски трошоци, што значи раководствот ја оштети фирмата за 140.000.оо еур
И повторно не застанаа со раскрчмување на народните пари, па така како што е во колективниот договор превентивните одмори ги организира синдикатот, па наместо во нашите хотели, Попова Шапка, Славија и Молика за многу поголема цена истите почнаа да ги прават по хотели во Охрид ,а нашите хотели управувани од ЕЛЕМ Турс се затвораат и се даваат на продажба.
Во синдикалната подружница ФОД ДООЕЛ Новаци и покрај правосилната пресуда во корист на СИНДИКАТОТ на ССЕРИ , раководството на ФОД повторно одлучува задржаните средства од работниците да не ги префрла на синдикатот со цел да напраи дополнителен притисок врз синдикалците и нашете членови, а и нормалното работење на синдикатот загарантирано со Меѓународни конвенции,ЗРО и колективни договори е загрозени и е доведено до работ на егзистирањето. Истото наведено во голем дел се случува и во синдикалната организација на АД МЕПСО и Ако целта на ова раководство е да ја спречи слободата на синдикално одлучување и здружување ,тогаш се поставува прашањето каде е правната држава,каде се загарантираните права од ЗРО ,
Па оттука легитимно прашуваме:
- Дали е противзаконски да молчат институциите кои се повикани, пред се АД ЕЛЕМ, СВР Битола, МТСП и Народниот Правобранител?
- Дали има одговорност за Државниот Инспекторат за труд за непочитувањето на законите и правење на извештаи по нарачка?
- Кој ќе одговора за извршените пресуди кои сега се 8,500,000,оо денари, а може да достигнат и до 30,000,000,оо милиони денари народни пари, по пресуди од првостепените судови, парите од буџетот, пари на сите нас?
- Дали новиот синдикат е формиран, а нашиот е насилнички уништен за да се прават бизнис зделки и да се уништува и распродава имотот на АД ЕСМ?
Ако нема одговори ги повикуваме сите надлежни институции да постапат и преземат дејствија за утврдување на одговорност.
http://kss.mk/%d0%b8-%d1%81%d0%b8%d0%bd%d0%b4%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b8/
Во продолжение на следните линкови можите да видите низ објективот на медиумите:
-https://sitel.com.mk/sindikalcite-obvinuvaat-deka-rakovodstvoto-na-esm-ne-im-isplakja-sredstva-pretprijatieto-tvrdi-deka