Logo

Средба со г-динот Јап Винен -генерален секретар на Светската конфедерација на синдикати (ИТУК)

  • Печати

На ден 21.11.2019 година во просторииите на КСС членови на Извршниот одбор на КСС одржаа средба со специјалниот советник на Генералниот секретар на Светската конфедерација на синдикати (ИТУК), г-динот Јап Винен.

Во Изминатиот период остварени се повеќе средби со високи претставници од Светската конфедерација на синдикати (ИТУК), во која  сме и полноправни членки, кои се потполно запознаени со состојбите со синдикалното организирање  и синдикалното делување во Македонија,  со кршење на законите, непочитување на колективните договори, загрозување и директно мешање во синдикалното организирање, како и со кримналните дејствија нанесени врз синдикатот во организација на високи претставници од Владата, за кои се водат судски постапки и за кои добиваме позитвни судски пресуди.

Средбата со г-динот Винен беше од големо заначење бидејќи се разговараше подетално за недозволивите состојби во областа на синдикалното движење во Македонија, а исто така и за понатамошните чекори кои заеднички треба да ги преземеме со цел да се прекине овој несоцијален и недемократски начин на кој делува Владата кон синдикатите, односно кон КСС.

Специјалниот советник г-динот Винен ќе побара специјална мисија, во организација на Светската и Европската конфедерација на синдикати заедно со Меѓународната организација на трудот за состојбата со синдикатот во Македонија, бидејќи беше донесен заклучок дека во оваа држава таква специјална мисија е навистина неопходна.

Исто така имавме и плодна дискусија околу економскиот и стопанскиот развој во Македонија, околу законот за работни односи за кој се согласивме дека е по европски терк, но и за останатите закони кои се однесуваат на работниците.

Извор:http://kss.mk/%d0%ba%d1%81%d1%81-%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b8-%d1%81%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b1%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d1%81%d0%bf%d0%b5%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%81%d0%be/

Template Design © Joomla Templates | GavickPro. All rights reserved.